Под мотото „Скопје чита“, од денеска до 12 септември, во комплексот на СЦ „Борис Трајковски“ ќе се одржи првото издание на Фестивалот на книгата.

Како што соопштија организаторите, фестивалот претставува манифестација посветенa на книгата во посебна атмосфера, проследенa со музичка програма во попладневните часови, каде посетителите ќе може да уживаат во дружење зачинето со одлична програма.

На Фестивалот на книгата на околу 2.000 m² изложбена површина ќе се претстават 30-тина најголеми издавачки куќи, а се очекува посета од 15 000 посетители.

Љубителите на книгата ќе може да избираат од понудата на голем број домашни и странски автори, странска литература, стручна, научна и белетристичка литература, книги за млади и деца – се наведува во соопштението.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.