Во издание на „Бата прес“ излезе од печат илустрираната книга за деца „Доцна вечера за госпоѓа Фиби“ од српскиот писател Ѓорѓе Писарев.
Илустрациите се на Настасја Писарев, ќерка на авторот. Делото на македонски го преведе Ненад Баткоски, а објавувањето го помогна Министерството за култура на Србија.
Каков е светот виден со очите на едно маче и на едно мачорче? Можат ли животите на мачињата да нѐ понесат…Пишувана е за деца, ама и „за возрасни што не заборавиле кога биле деца – наведува македонскиот издавач на преводот на книгата која на српски е објавена од „Агора“ од Зрењанин.
… Прво Настасја доведе дома маче. Фибислав. Не бев воодушевен, ама немав избор. Што да правиш со мачето, сигурно нема да го фрлиш? Потоа, по некое време, Фибислав рече „мјау“, а Настасја ми рече дека бара да биде нацртан. И тој и неговиот живот…
Настасја ладнокрвно ми соопшти дека мачорот сега бара и приказна. За својот живот. Како ли се пишува биографија за маче, се прашував…“
Ова е дел од најавата за делото од самиот автор во која кажува како настанала оваа детска книга, во издание на „Агора“ од Зрењанин.
Ѓорѓе Писарев е роден 1957 година. Тој е познат прозаист и објавил повеќе од 20 книги за деца и возрасни. Книгата „Доцна вечера за госпоѓа Фиби“ е прва книга од серијата Девет мачешки животи. Пишувана е за деца, ама и „за возрасни што не заборавиле кога биле деца.“
Ѓорѓе Писарев (1957) објавил повеќе од 20 книги за деца и возрасни. „Доцна вечера за госпоѓа Фиби“ е прва книга од серијата „Девет мачешки животи“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.