„Полица“ го објави уникатното издание, книгата– „Избрани песни“ од Радјард Киплинг, првиот Англичанец што ја примил Нобеловата награда за литература, авторот што ја напишал „Книга за џунглата“.
Ова е прв препев на неговата поезија на македонски.
Изборот од 48 песни го направи препејувачката Ана Пејчинова, која притоа се раководи од два критериуми: релевантноста на песните во денешното време од историски или уметнички аспект и нивното „легнување“ на македонски јазик.
Оваа книга е збогатена и со нејзин предговор, биографија на Киплинг и белешки за секоја од песните и интерпретација.
„Главно, оваа збирка бараше време, упорност, многу верзии, сонување зборови со отворени очи и ненадејни инспиративни мигови, вели Пејчинова.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.