Објавена е книгата „Втора филипика“ од Марк Тулиј Кикерон. Ова е трет наслов во едицијата „Арго“ на издавачката куќа „Или-Или“, по објавувањето на „Вистинска приказна“ од Лукијан од Самосата и „Медеја“ од Сенека. Преводот од латински на македонски јазик е на Светлана Кочовска Стевовиќ, а излегувањето на книгата е поддржано од Министерството за култура.
Марк Тулиј Кикерон (106-43 год. пр. н. е.) е најистакнатиот претставник на римското беседништво. Неговите беседи против Марк Антониј се создадени во периодот меѓу 44 и 43 год. пр. н.е.. Насловот „Филипики“ (Philippicae) го добиле од самиот автор по углед на истоимените беседи што грчкиот оратор Демостен ги одржал против Филип II.
„Втората филипика“ се издвојува од останатите „Филипики“ по обем, а и по тоа што во неа Кикерон го напаѓа Марк Антониј многу пожестоко и поостро отколку во другите беседи од истиот корпус. Со оглед на тоа што Кикерон оваа беседа никогаш не ја изговорил јавно, таа е инвектива во пишан облик или политички памфлет структуриран како инвектива.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.