На Веб-страницата dimkamiteva.mk е објавен Зборник во чест на академик Митко Маџунков по повод 80 години од неговото раѓање.
Автор на Зборникот е проф. д-р Димка Митева. Тој е во дигитална форма и има слободен пристап за сите интернет-корисници. Содржи неколку трудови посветени на делото на Маџунков: Речник на изрази во романот „Правта на библиотеките“, Фреквентен речник на зборовните форми во „Правта на библиотеките“ и др. На страниците на Зборникот се објавени и околу 40 статии напишани пак од перото на д-р Митева, а посветени на акад. Маџунков: акад. Ацо Шопов, акад. Петре М. Андреевски, акад. Блаже Конески, акад. Божо Видоески, акад. Петар Илиевски, акад. Катица Ќулавкова, акад. Ѓорѓи Поп-Атанасов, па на Крсте Петков Мисирков, проф. Де Бреј, Моше Алтбауер, на колеги, соработници (Васе Манчев), врсници на акад. Митко Маџунков (д-р Вангелија Десподова и д-р Љубица Станковска). Неколку текстови се однесуваат на настани во кои се зборува за значајни датуми од историјата на македонскиот јазик (инаку, некои од нив и денеска многу актуелни) и на рецензентите д-р Гоце Цветановски и д-р Бобан Карапејовски.
Акад. Митко Маџунков е роден на 19 март 1943 година во Струмица. Својот пробив и голем успех на полето на литературата го постигнал во текот на 50 години напорна работа.
Творештвото на академик Маџунков е општо познато и високо вреднувано. Доволно е да се каже дека неговите дела се закитени со повеќе награди и им даваат на македонскиот книжевен израз и на македонскиот книжевен јазик дополнителна доблест. „Правта на библиотеките“ е уште една потврда за неговото извонредно романсиерско мајсторство.
Неговото творештво e преведувано на aнглиски, германски, француски, италијански, руски, бугарски, романски, полски и други јазици, а застапено е и во повеќе антологии и избори. Добитник е на повеќе книжевни
награди и признанија: „Исидора Секулиќ“, Рациново признание, роман на годината на „Детска радост“, книга на годината на Македонската книжевна фондација, роман на годината на „Утрински весник“; двапати ја има добиено и Годишната награда на својот роден град Струмица, а во 2015 година ја доби и Државната награда „11 Октомври“.
За член на Македонската академија на науките и уметностите, надвор од работниот состав, е избран на 27 мај 2003, а за редовен член на 1 мај 2007 година.
Ве молам, преку културната редакција во Вашиот медиум, соодветно да ја проследите оваа информација до јавноста. Истовремено, со ова известување авторот Ви дозволува, преку Вашите медиуми слободно да ја споделувате содржината на линкот од Веб-страницата www.dimkamiteva.mk/зборник-во-
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.