До 12 јануари е отворен Конкурсот за избор на идејно-графичко решение за визуелно обликување на програмите и активностите на Младинскиот културен центар (МКЦ) во 2022 година со цел создавање на визуелен идентитет и препознавање на јубилејот „50 години МКЦ“.

Право на пријава на конкурсот имаат сите локални, македонски дизајнери, уметници и креативци, самостојно или здружено.  Апликацијата и повеќе информации за конкурсот се достапни на: mkc.mk/vesti/mkc-povik-50-godini

Избраното решение ќе биде наградено со паричен износ од 50.000 денари.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.