На 30 декември 2023 година, во 12:00 часот на пладне, во Музејот на современата уметност во Скопје, заедно со кустосот водич Бојана Јанева ќе може да ги погледнете четирите отворени изложби:

*Изложбата „Континуитети“, избор дела од француски автори, кои се дел од уметничката колекција на МСУ – Скопје.
*Меѓународната изложба „Сè што ни е заедничко“
*Мултимедијалниот проект на Ѓорѓе Јовановиќ „Горчлив шеќер“
*Архитектонската изложба „Иднината како проект – Доксијадис во Скопје“.

 

Веднаш потоа во 13 часот, како пропратен настан ќе биде организирано Матине со диџеј сет на Нино Наумов.

За најмладата публика и овој пат ќе биде организиран „Детски корнер“, каде ќе можат да цртаат потикнати и инспирирани од изложбите.

 

Да го поминеме заедно претпоследниот ден од оваа година и да ја доживееме предновогодишната магија во дружење на највисоката точка во срцето на Скопје со убава музика и пијалаци, каде сите уште еднаш ќе се потсетиме на тоа дека нашиот МСУ е средишен споменик и симбол на светската солидарност во обновата на Скопје, се вели во објавата од МСУ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.