Новогодишен концерт на ЗЏМ биг бенд и Луис Бонила! Вистинско празнично уживање за љубителите на латино џез призвукот и познавачите на добриот џез.

Луис Бонила е реномиран американски џез тромбонист, по потекло од Костарика. Тој е повеќекратен добитник на Греми награди, продуцент, композитор, аранжер и професор. Низ плодната кариера на бројни изданија остварува соработки со некои од најголемите имиња во историјата на џезот: Вангард џез оркестра, Мингус биг бенд, Мекој Тајнер, Дизи Гилеспи, Лестер Боуви, Том Харел, Фреди Хабард, Аструд Гилберто, Вили Колон и Тошико Акијоши.

Не пропуштајте го последниот настан на ЗЏМ биг бенд за 2022 година!

Билет за концертот чини 1000 денари и е достапен онлајн преку продажните мрежи на МК тикетс и Купи карти за сѐ, велат организаторите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.