Младинскиот фестивал ,,Три дена култура 4” наменет за млади уметници, кој сите три дена е исполнет со уметност, оваа година по четврти пат ќе се одржи во скопската гимназија „Никола Карев“ на 14, 15 и 16 април!

Првиот ден од фестивалот „Три дена култура 4” започнува на 14 април и е наменет за прикажување на краткометражни филмови. Секој средношколец или студент кој има свој авторски краткометражен филм, може да се пријави со својот филм на следниов линк: https://forms.gle/sAfhNZ5HSRkWkuoa7

Секој автор може да испрати по еден филм кој не трае подолго од 20 минути. Филмовите можат да бидат во кој било жанр, а за официјалната селекција ќе бидат избрани најдобрите филмови кои ќе се прикажуваат на 14 април.

Вториот ден од фестивалот „Три дена култура 4“ се одржува на 15 април и е наменет за театар и перформанс. Секој средношколец или студент може да се пријави со своја театарска претстава, танцова точка или кој било друг вид на перформанс. Театарските претстави или перформанси може да се пријават на следниов линк: https://forms.gle/CgTkpmawKxD2pWRUA

Претставите кои ќе се пријавуваат, треба да се со времетраење од 5 до 20 минути. Истите можат да бидат извадоци од драми, монолози, дијалози, физички театар и слично. Танцовите групи ќе имаат можност да се претстават со максимум 5 минутно дело.

Исто така, важно е да се напомене дека за првпат на „Три дена култура 4” се отвора литературен конкурс за средношколци на тема: „Со секој свој здив создавам уметност“! Секој средношколец може да се пријави со кратко прозно дело или поезија на таа тема. Авторите можат да се пријават на следниов линк: https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSfD8QoNpiIDlzgRJ1XIjeSWjki9ICmd9udQ0Tmj_QNDrMZ4lg/viewform

Третиот и последен ден од „Три дена култура 4” кој ќе се одржи на 16 април е наменет за музика, изложба и литература! Секој средношколец или студент музичар, солист може да се пријави на следниов линк: https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSeRwR6HwZkzdgOkqJ-Jr9mc_-wgKVn5lzsLCMSmKovkSBMw3Q/viewform?fbzx=-3957096845910275614

Може да се учествува со една композиција, вокал или во изведба со инструмент, а времетрањето на настапот не треба да биде подолг од 5 минути.

Бендовите кои сакаат да свират на третиот ден од „Три дена култура 4“ може да се пријават на следниов линк: https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSdtwn0apdqa3iKFZidOUWUpLSeTYvHOhajlc1vIfQo-eDf8ZA/viewform

Бендовите може да учествуваат со три песни, а целиот настап треба да биде со времетраење од 20 минути. Песните кои ќе се свират, можат да бидат авторски, преработки или препеви, во кој било жанр (рок, поп, џез, електронска, рап, панк), но задолжително е една од песните да биде преработка на македонска песна!

„Три дена култура 4“ е фестивал за млади уметници кои имаат што да кажат и што да претстават, со можност својот креативен импулс да го покажат пред пошироката публика.

Крајниот рок за пријавување на сите три дена е 31.03.2022, освен за изложбата чиј рок за пријавување е до 12.04.2022.

Право на пријавување имаат сите средношколци и студенти на цела територија на државата и пошироко.

Настанот ќе се одржува според актуелните протоколи за заштита од Ковид -19.

Повеќе информации  може да пронајдете на Фејсбук страната на Art house Karev: https://www.facebook.com/arthousekarev, на евентот за фестивалот на Фејсбук: https://www.facebook.com/events/322011199743555  и на Инстаграм: @art_house_karev



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.