Од најновата набавка на белетристика во НУ Библиотека „Григор Прличев“ за овие летни денови препорачуваме седум нови наслови од исто толку автори во издание на Топер.

Се работи за следните книги: „Животот е роман„ од Гијом Мисо најавен  как еден од најличните и најдобри романи на Мисо. Романот „Севдалинка од Ајше Кулин зборува за пресметката со животот на една жена новинар во еден од најтешките светски геноциди во Босна…

Насловот „Куба од моите соништата“ од Шанел Клитон е веќе прогласен за бестселер и ја носи приказната за  преубавата и храбра Беатрис  жена пред своето време, која ќе ризикува се’ за своите идеали.

Романот „Те молам внимавај на мама„ не носи во Јужна Кореја а авторката Кјонг – Сук Шин вели дека ова е една од книгите кои  имаат моќ да не’ менуваат.

Патот на еден американски живот – раскажан преку  Тарот картите  вака може едноставно да се претстави романот „Сета среќа што ја заслужуваш“ од Мајкл Пиафски.

Писателката Хана Филдинг во својот роман „Концерт“ се обидува да одгатне: Дали може љубовта да избега од темницата во светлината“.

Што може да крие  дворецот Версај? -Интриги, сплетки , љубовни афери. Тоа накусо е содржината на романот „Соперниците од Версај„ напишан од Сали Кристи.

Овие романи од денеска можат да се позајмат од НУ Библиотека „Григор Прличев“ . Годишната членарина е 300 денари за возрасни а 200 за деца.

До први септември пултот за издавање е отворен од 8 и 30 до 16 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.