Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ) организира изложба на нови членови која ќе се отвори во среда (14 февруари) во галеријата на Домот на Армијата во 20 часот.
„Чест ни е да ви ги претставиме нашите нови членови приемни од 2023 и од првиот конкурс од 2024. Изложбата ќе биде отворена од претседателкатa на ДЛУМ, проф.д-р Јана Манева – Чупоска и претседателката на уметнички совет, проф.д-р Маја Рауник Кирков“, се вели во најавата.
На изложбата ќе бидат изложени делата на: Ана В’чкова, Весна Стефановска, Гоце Стоилковски, Дејан Давчевски, Доротеј Нешовски, Ирена Гапковска, Методи Исков, Никола Упевче, Марија Николова, Сарита Конеска, Софија Илиева, Ферди Булут, Филип Ристевски, Антоанета Малиновиќ, Бојан Вртев, Дефне Еминовска, Дорина Тенева, Драганчо Таневски, Елена Димова Пантелиќ, Јасмина Главинче, Јоана Арсовска, Леон Тенев, Методија Јованов, Павел Јовановски, Пале Јовановска, Тања Ристовска, Филип Новески, Озбек Ајваз, Ленче Коцевска, Аница Китаноска, Мила Добреска, Марија Трајановска, Виктор Јаневски, Стефан Анчевски, Лусијана Ампева, Марта Патлиџанковска, Љупка Галаска, Славица Танеска, Петар Миљковиќ и Мариго Исеини (Локу).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.