Македонскиот центар ИТИ/ПРОДУКЦИЈА објави две нови еДрами на харизматичните, современи автори со извонреден талент за драма и дух за перцепција и хумор – Ева Камчевска, Bio Clock (Скопје) и Сашо Блажески, Рокеришта (Прилеп).

1.Ева Камчевска (Скопје) е сценарист, драмска авторка и драматург. Дипломирала на ФДУ Скопје на Одделот за драматургија и сценарио и на Филмската школа во Ванкувер, Канада. Зад себе има повеќе проекти во доменот на филмот, театарот и драмата како книжевно дело (Стела; Сирота мала богата драма-компилација; Кутија; Вештерка; Жолти лалиња; Брат за еден ден; Дедлајк ЕО2…). Досега учествувала во неколку релевантни меѓународни програми за развој на филмски сценарија (Torino Film Lab; Sarajevo Film Talents; InterFilmFestival Script Pitch Program во Берлин; International Drama Colony Groznjanj, Хрватска). Во 2021 нејзината драма Свадба за памтење беше селектирана во главната програма на Меѓународниот театарски фестивал Аналогио, во Атина.

Синопсис. Ева креира апсурдни и надреални драмски пресврти, на сметка на биолошкиот часовник во жената и притисокот под кој таа се наоѓа, секогаш кога одложува да стане мајка. Ева умее да не насмее и релаксира без претенциозност и субверзии, без попување, креирајќи непредвидливи драмски пресврти и јасно дизајнирани драмски ликови. Станува збор за редок и зрел драмски талент во современата македонска драматика.  

2022, ePlay: BIO CLOCK / Биолошки часовник

Author: Eva Kamchevska / Авторка: Ева Камчевска

Edition: Theater and Performing Arts / Едиција: Театар и изведувачки уметности

Cover Illustration: Ivana Kungulovska / Насловна илустрација: Ивана Кунгуловска (ликовен покровител)

Editor/Designer: Ivanka Apostolova Baskar / Уредник/дизајнер: Иванка Апостолова Баскар

Publisher: Macedonian Center ITI/PRODUKCIJA, Skopje /

Year: 2022 / Година: 2022

Language: English / Јазик: англиски

Pages: 94 / Број на страни: 94

Copies: 500 / Тираж: 500

ISBN 978-608-4912-98-9

COBISS.MK-ID 56241413

 

2.Сашо Блажески

Сашо Блажески е роден во Прилеп, 1980 година. Живее во Прилеп. Ова е негова прва драма. („Целиот концепт на натрупување и наведување се’ што се има направено и напишано ми е малце вулгарен и вештачки. Мислам дека на тој начин го одвлекува вниманието од самото дело – за мене самото дело треба да си зборува за себе и не му е потребно дополнително шминкање и фалење.’’- Сашо Блажески).

Синопсис.  Рокеришта зборува за турбо реалноста во релациите и илузиите кај луѓето кои живеат во главниот град и менталитетот на луѓето од провинцијата. Луцидно, перцептивно, вистинито. Маратонски долга драма која сецира менталитети, мисловни матрици, бихевиористички калапи, тела и души продадени на хроничната глупост  и други драмски тракатанци на секојдневието.   

2022, ePlay: ROKERISHTA / РОКЕРИШТА (еДрама)

Author: Sasho Blazheski / Автор: Сашо Блажески

Edition: Theater and Performing Arts / Едиција: Театар и изведувачки уметности

Cover Illustration: Ivana Kungulovska / Насловна илустрација: Ивана Кунгуловска (ликовен покровител)

Editor/Graphic Designer: Ivanka Apostolova Baskar / Уредник/дизајнер: Иванка Апостолова Баскар

Publisher: Macedonian Center ITI/PRODUKCIJA, Skopje / Издавач: Македонски центар ИТИ/ПРОДУКЦИЈА

Year: 2022 / Година: 2022

Language: Macedonian / Јазик: македонски

Pages: 302 / Број на страни: 302

Copies: 500 / Тираж: 500

ISBN 978-608-4912-97-2

COBISS.MK-ID 56241157

 

Повеќе информации на следните линкови на Фејсбук страната на нашиот Центар.

ITI Newsletter/март 2022 (ЛИНК).  https://mailchi.mp/60ac398c63c1/interesting-calls-and-news-in-memoriam-natalia-isaeva-and-shaig-safarov-5128069?e=1bb1b9fc01

ЛИНК. https://www.facebook.com/media/set/?set=a.4889879087715606&type=3 (ePlay 2022: ROKERISHTA by Sasho Blazheski)

ЛИНК. https://www.facebook.com/media/set/?set=a.4573049222731929&type=3 (ePlay: BIO CLOCK by Eva Kamchevska)

ЛИНК. https://www.facebook.com/media/set/?set=a.316157390515613&type=3 (ePlay 2022: ROKERISHTA by Sasho Blazheski)

ЛИНК. https://www.facebook.com/media/set/?set=a.302232188574800&type=3 (ePlay: BIO CLOCK by Eva Kamchevska)



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.