Промоцијата на новата поетска книга „Живот на меѓукат“ ќе се одржи на 11 мај, четврток, во Културно информативниот центар (КИЦ), во изложбениот салон – Империјал 1, со почеток во 20:00 часот. За книгата ќе зборува Ѕвездан Георгиевски, а песни ќе читаат Борче Николовски и актерот Исмет Шабановиќ.
Јовица Ивановски е роден во Скопје, 1961 година. Автор е на седумнаесет книги поезија и неколку избори на македонски и англиски. Застапен е во повеќе антологии и препеан на петнаесетина јазици.
Добитник е на наградата „Браќа Миладиновци“, на Струшките вечери на поезијата, за книгата „Човек“ (2019).
Сè уште живее и работи во Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.