Концерт на нова македонска шансона ќе одржи составот Пијан Славеј ќе се одржи вечерва во 20 часот во Народниот театар Битола. Со Бранислав Николов, фронтмен на бендот „Фолтин“, ќе настапат уметниците Пеце Трајковски, Славчо Јовев и Андреа Мирческа и тој претставува директен обид да се креира една нова македонска шансона, која инстинктивно го осовременува стариот вкус на музичката поезија од 1960-тите и 1970-тите години на минатиот век, посочуваат организаторите на концертот.
Групата е формирана кон крајот на 2021 година, настапиле на скопскиот ОФФест и Скопскиот џез фестивал, како и на D-festival, Egnatia Escape festival, Pin Music Conference и на фестивалот Druga Godba во Љубљана, Словенија.
Пијан Славеј е паралелен проект на Бранислав Николов фронтменот од бендот Фолтин, кој заедно со Пеце Трајковски, Славчо Јовев и Андреа Мирческа е директен обид да се креира една нова македонска шансона, која инстинктивно го осовременува стариот вкус на музичката поезија од шеесеттите и седумдесеттите години на минатиот век.
Јасната визија на Пијан Славеј за тоа каква музичка експресија треба да добие секој збор, секогаш совршено се слева со местото во кое сцената тој ја претвора во медиум каде што не се раѓа само добриот звук, туку ја дава Бранко безрезервно својата енергичност, својата бунтовност, својата музичка километража…но и вечниот младешки занес кој не го напушта. Бранко преку стиховите ја раскажува мислата лежерно, притоа заведувајќи не, барем на миг да помислиме дека сѐ е едноставно.
Неговите настапи се музички перформанси, а Бранко под неговиот уметнички алијас Пијан славеј, презентира конкретна музика со поетски сензибилитет на една нова македонска шансона.
Концертот е поддржан од Општина Битола, Народен театар и Центарот за култура во Битола.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.