Во изложбениот салон на Галеријата „Матица“, кој се наоѓа во непосредна близина на Министерството за финансии, на 1 февруари, четврток, ќе се отвори нова ликовна продажна изложба на значајни македонски творци од разни генерации.
Ќе бидат изложени дела на: Боро Митриќески, Васко Ташковски, Глигор Чемерски, Петар Хаџи-Бошков, Газанфер Бајрам, Илија Аџиевски, Вангел Наумовски, Ордан Петлевски, Симон Шемов, Павле Кузманоски, Димитар Малиданов, Сергеј Андреевски, Тања Балач, Решат Амети, Ниче Василев, Касиопеја Наумовска и многу други.
Покрај дела од уметноста, Галерија „Матица“ располага и со голема понуда на монографии од областа на уметноста, историјата на уметност, археологијата, како и наслови од современата македонска и светска книжевност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.