Под мотото „Месец на Пучини“, месецот ноември во Македонската опера и балет ќе биде посветен на италијанскиот композитор Џакомо Пучини (22 декември 1858 – 29 ноември 1924) со што ќе се одбележат 100 години од смртта на безвременскиот оперски мајстор.

РЕПЕРТОАР НОЕМВРИ:

 

8.11.2024. БОЕМИ – Џ. Пучини
16.11.2024 МАДАМ БАТЕРФЛАЈ – Џ. Пучини
23.11.2024 ТОСКА – Џ. Пучини
29.11.2024 ТУРНДОТ – Џ. Пучини

По тој повод, Македонската опера и балет за својата публика и љубителите на оперската уметност, нуди опција за купување на блок билети за четирите оперски претстави со 20% намалување.

 

Информации и резервации на блок билетите:
Билетарница: 078 426 536 ; 02 3118 451

Повеќе инфо за претставите и учесниците во месец ноември на: https://t.ly/MesecNaPuccini

 

Покровител на „Месец на Пучини“ е Амбасадата на Италија во Скопје.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.