Во вторник (27 јуни) ќе се одржи изложба и аукција за заштита на птиците во Македонија под насловот „НЕзаштитена природа“. Настанот ќе се одржи од 19 до 21 часот во централната управа на ПроКредит банка.

Со хуманитарната аукција на изложените фотографии се заокружува патувачкиот караван „НЕзаштитена природа“, од ретки и уникатни птици кои живеат на територијата на Македонија. Изложбата посети шест градови низ целата држава, почнувајќи од 2 јуни до 18 јуни, привлекувајќи големо внимание и интерес на посетителите.

Како што посочуваат организаторите, уметничките фотографии се на Велиан Јагев, изработени од „Пикс Плус“.

Во соработка со фотографот, банката организирала караван изложба на уметнички фотографии од ретки и уникатни птици кои живеат на територијата на Македонија. Дополнително, организаторите посочуваат дека со хуманитарната аукција на изложените фотографии се заокружува изложбениот караван.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.