Големиот јубилеј 80 години СЛОБОДНО ТЕТОВО е тука! Градска свеченост во предвечерието на Денот на ослободувањето на Тетово-19 Ноември.

Ве покануваме на градската свеченост, на настанот за сплотеност и единство, за љубов кон родниот град и луѓето кои го прават голем и горд сите изминати 80 години! Низ годините учевме и созревавме и знаеме дека не постои еднаш добиена војна или засекогаш изгубена битка, токму затоа непокорувањето кон се она што го уништува она што ни е свето е нашата полна слобода, бидејќи НЕПОКОРОТ Е СЛОБОДА!

Годинава подготвивме богата програма, квалитетен мултимедијален настан, изненадувања и специјални гости вечерта на празнична свеченост на 18.11.2024 година во 19:00 часот во ЦК Иљо Антески Смок, се вели во објавата на организаторите.

Влезот на градската свеченост е бесплатен, информираат организаторите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.