Во Културно информативниот центар – Скопје започна интердисциплинарниот и мултимедијален фестивал „Културен амалгам“.
Фестивалот се отвори со изложбата „24“ на Никола Јовановиќ во салонот Империјал 2, составена од дваесет досега необјавени црно-бели фотографии на кои се прикажани портрети од музичкиот свет. Фотографиите се снимени во периодот 2023 до 2024 година на различни локации и секоја од нив раскажува некоја своја приказна.
Потоа фестивалот продолжи во Салонот 19:19, каде беа прикажани четири кратки филмови на Саша Станишиќ, кои со неговиот мрачен, но комичен филмски јазик, беа вистинско освежување во програмата ова жешко лето.
Следна дестинација на фестивалот е Културниот дом „Лазар Софијанов“ во Кратово на 27 јули 2024. Понатака продолжува во месец август во сродните културни центри во Крушево (6 авуст) и Битола (22 авуст), со цел да ги отвори вратите кон вистинска и коренита децентрализација на културата во Македонија, преку поставување темели за соработка во различни средини и низ различни градови.
Соработката на Културно информативнит центар – Скопје со останатите центри, преку меѓуинституционалниот и мултимедијален фестивал треба да биде основа за понатамошно проширување и низ останатите градови низ Македонија и со збогатување на програмата со останати ументнички дисциплини како музиката, театарот, книжевноста, стрипот…
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.