Во октомври оваа година ќе се одржи Неделата на новиот кинески филм во организација на Интернационалниот универзитет Еуропа Прима во чест на 30 годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Кина и Македонија.
Кинескиот амбасадор, Џанг Ѕуо оствари работна посета на Универзитет, каде беше примен од претседателот на Еуропа Прима, заедно со неговите соработници. Во рамките на амбасадорот предложил Универзитетот Еуропа Прима повторно да ја организира Неделата на кинескиот филм.
На средбате било разговарано и дека од следната пролет, Кина ќе биде домаќин на презентација на новото издание на фестивалот на Кинематографиите на Централна и Источна Европа, со што Универзитетот ќе ја продолжи започнатата традиција.
Амбасадорот Ѕуо, како што се наведува во соопштението на Универзитетот, изразил благодарност за повеќегодишниот ангажман на Еуропа Прима во афирмација на кинеската кинематографија, со организацијата на традиционалната Недела на кинескиот филм, организирана во повеќе наврати пред пандемијата.
Во исто време, се додава во соопштението, универзитетот Еуропа Прима, заедно со Музејот на уметностите од Нингбо организирал фестивал на Кинематографиите на Централна и Источна Европа во овој кинескиот град, којшто доживеал голем успех.
До крајот на оваа академска година, се наведува во соопштението, на универзитетот Еуропа Прима се очекува да гостува познатиот кинески филмски режисер Ксие Феи, добитник на Златна мечка од Интернационалниот фестивал во Берлин и професор на Филмската академија од Пекинг.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.