Неделата на дизајн во Скопје 2024 година ја организира Конференцијата за развој на креативен туризам која ќе се одржи утре, на 5 ноември од 10 часот во Центарот за дизајн и иновации „Јавна соба“ во Скопје.
Ова ќе биде прва јавна дискусија која има за цел да ги расчлени и расветли сегментите кои се однесуваат на обединување на културата и туризмот која е востановена неодамна во ресорот на Министерството за култура и туризам. Воедно таа има за цел да ги обедини сите чинители кои со своите искуства можат да допринесат во насока на раст и одржлив развој на оваа тема, вели организаторот.
Воведно излагање на Конференцијата ќе има министерот за култура и туризам Зоран Љутков.
Во овој момент овие два сектора едвај имаат допирни точки и секаков вид на соработка е сосема случајна. За да се отпочне со било каква соработка потребно е овие сектори вистински да се запознаат и да се детектираат можностите и областите на соработка. Со други зборови, ова е еден здрав обид да се спои убаво и корисно за двете страни. Skopje Design Week во соработка со Министерството за култура и туризам, во име на креативните индустрии во Македонија“, велат организаторите.
Од оваа конференција се очекува да произлезат идејни проекти за понатамошна соработка на поле на култура и туризам.
Првиот панел ќе биде на темата „Културните оператори двигатели на локален економски раст и развој – привлекување странски посетители. Модератор е Александар Велиновски, а панелисти се Логин Кочишки, Д Фестивал Дојран и Таксират Скопје. Владица Младеновски, Грга, МКЦ Скопје, Тодор Ивановски, Локумфест, Битола Тошо Чочороски, КУД Дримкол, општина Вевчани – Вевчански карневал Марија Ѓоргова, државен секретар, Министерство за култура и туризам.
Вториот панел ќе биде посветен на темата „Како да ги разбереме туристите кои ни доаѓаат?“, а панелисти се Аккан Махмут, национален коодинатор за туризам во Влада на Македонија Владимир Граматиков – ТАВ Македонија, директор на маркетинг Зоран Тодоровски Паладиум груп Македонија Ивана Брдаровска, Balkan Prime Tours Јованка Ѓорѓевска.
Неделата на дизајн Скопје (Skopje Design Week) е дел од европската мрежа на манифестации за дизајн во друштво на „Миксер” од Белград, „What Design Can Do” од Амстердам, „Барселона дизајн вик” и Австрија „Дизајн”, фестивали од каде ќе видиме и најголме борј на презнетции и промоции. Истите ја промовираат Европската зелената агенда (European Green Deal Agenda) и дизајнот на идните млади дизајнери под мотото NextGenDesign.eu
Фестивалот „Skopje Design Week” е поддржан од Министерството за култура и Европската комисија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.