Научен собир „65 години италијански студии на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје“ денеска ќе се одржи во свечената сала на Ректоратот на УКИМ.

Организатори на дводневниот научен собир се Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ од Скопје. Според прграмата, на отворањето на собирот ќе се обратат проф.

д-р Анастасија Ѓурчинова, раководител на Катедрата за италијански јазик и книжевност, проф. д-р Владимир Мартиновски, декан на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје, проф.

д-р Биљана Ангелова, ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и италијанскиот амбасадор во земјава Андреа Силвестри. Видео обраќање ќе има Дача Мараини, почесен гостин.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.