Македонија е активна во однос на иницијативата „Отворен Балкан“, оцени министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, коментирајќи ги проектите од оваа област кои се реализираат преку иницијативата.
„Министерството за култура ќе организира состанок во однос на последниот потпишан договор за соработка во кинематографијата и аудио-визуелните добра. Исто така, во рамките на „Отворен Балкан“ имаше неколку гостувања на оперите во Скопје и во Белград, соработувавме заедно на фестивалот „Рута Триглав“, соработувавме заедно и на други иницијативи како размена на ансамбли од Драмски театар во Белградско народно позориште“, кажа министерката на денешната прес-конференција посветена на предлог-буџетот за наредната година.
Одговарајќи на новинарско прашање за отворањето културно-информативни центри во Скопје и Белград, Костадиновска Стојчевска кажа дека законот за ратификација е во собраниска процедура и интензивно се работи на изнаоѓање соодветен простор во двата града за што поскоро да се отворат културно-информативните центри.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.