„Најсреќниот човек на светот“ на Теона Стругар Митевска ќе ја има својата македонска премиера на 27.октомври во Кино Милениум. Потоа продолжува на редовен репертоар во наредните две недели со проекции од 20:00 и 22:00 часот. Македонија е првата земја во светот каде филмот започнува со редовно киноприкажување.
Во текот на nоември филмот низ светот ќе се прикаже на шест фестивали низ целиот свет и започнува со подготовки за редовна дистрибуција во низа европски земји. Ноемвриската турнеја ја предводи ексклузивна проекција на филмскиот фестивал во Солун, каде режисерот Теона С. Митевска ќе биде и дел од интернационалното жири. „Најсреќниот човек на светот“ веќе има дистрибутер за кино прикажување на територијата на Грција и во 2023 ќе започне да игра во редовниот кино репертоар.
Од Солун, “Најсреќниот човек на светот“ продолжува во Филмскиот фестивал во Љубљана, Словенија од 9 до 20 ноември каде филмот ќе биде пропратен со панел предводен од режисерката Теона С. Митевска посветен на пост-југословенската кинематографија. “Најсреќниот човек на светот“ ќе патува и во Франција на Интернационалниот филмски фестивал во Арас кој започнува на 7.ноември и каде ќе биде прикажан во главната конкуренција. Дистрибуцијата во Франција е закажана за 22.февруари 2023. Во месец ноември филмот ќе биде прикажан и на Авторскиот филмскиот фестивал во Србија, како филм кој ќе го затвори фестивалот, а Теона ќе го предводи интернационалното жири, по што веднаш следува Филмскиот фестивал во Атина и Интернационалниот филмски фестивал во Керала, Индија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.