Најсреќниот човек на светот„ на Теона С. Митевска – Teona Mitevska со награда за најдобар филм од ПЕКК на 35. издание на Панорама на европски филм во Атина.

 Во своето 35 годишно постоење, “Панорама на европски филм“ се наметна како уметничка институција која секоја есен го означува културниот живот на Атина. Овој фестивал е ориентиран кон истакнување на европската и грчката кинематографија, модерната како и постара, без игнорирање на кинематографијата од остатокот од светот.

На овогодинешното издание, „Најсреќниот човек на светот“ на Теона С. Митевска добива награда за најдобар филм од меѓународна натпреварувачка секција доделена од страна на Панхеленичкото здружение на филмски критики (ПЕКК) чија комисија е сочинета од: Ифигенија Каланци, Димитрис Калантидис и Тасос Нтертилис.

„Најсреќниот човек на светот“ е веќе откупен за кино дистрибуција во Грција од страна на АМА Филмс, кој се докажа како одличен дистрибутер на „Господ постои, нејзиното име е Петрунија“



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.