Врз основа на членовите 1, 2, 7, 12, 16, 17 и 18 од Законот за државните награди, Законот за изменување и дополнување на Законот за државните награди  („Службен весник на РМ“ бр. 52/0654/07, 74/1299/18 и „Службен весник на РСМ“ бр. 98/19) и Правилникот за работа, Одборот за доделување на државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“, на седницата одржана на 24.11.2022 година,  донесе одлука за доделување на државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ за 2022  година за остварувања во областа на публицистиката и новинарството од интерес на Република Македонија, соопштија од Министерството за култура.

За остварување во областа на публицистиката, државната награда  ја доби Александар Трајковски, публицист, а за остварување во областа на новинарството, државната награда ја доби Лаура Папранику-Бејтула, новинар.

Наградата ќе им биде врачена на добитниците на 21 декември 2022 година (среда) во 12 часот, во свечената сала на Собранието на Република Македонија.

                                           



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.