XVII НАГРАДА ДЕНЕС 2023 ЗА МЛАД/А ВИЗУЕЛ(Е)/НА УМЕТНИ(К)/ЧКА ДО 35 ГОДИНИ годинава има тројца добитници, информираа организаторите.

Жири комисијата во состав: Мариа Василева, кураторка и директорка на галеријата Структура, Софија; Инга Лејс, кураторка и моментално дел од програмата C-MAP Central and Eastern Europe на МОМА, Њујорк; Ивана Мирчевска, уметничка и добитничка на награда ДЕНЕС во 2022 година; Дита Старова Ќерими, уметница, професорка на Универзитетот Американ колеџ Скопје и директорка на Националната галерија на Република Македонија и Грегори Шолет, уметник, писател, предавач и активист, професор на Квинс колеџ, Градски универзитет Њујорк (CUNY) одбра три добитници на наградата ДЕНЕС и тоа: Ѓорѓи Десподов, Клелија Живковиќ и  Бурџу Мусли. 

Добитниците на наградата ќе ја отворат изложбата на 14 септември 2023 година во Националната галерија на Република Македонија – Чифте амам кога ќе бидат соопштени нивните индивидуални награди и кога со посебна програма ќе се прослави и 20-годишнината од постоењето на наградата ДЕНЕС.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.