Во низата од 100 фестивалски учества ширум светот на кои филмот „Северен пол“ освои 15 награди, се додава и најновата односно наградата за “Најдобар краток филм” во интернационална конкуренција за “Северен пол” на 9-то издание на Smita Patil Documentary and Short Film Festival кој се одржа од 17 до 18 декември во Пуна,Индија. Претходно филмот кој е во режија на битолчанката Марија Апчевска, ги доби наградите : за најдобра актерка за Антонија Белазелкоска на фестивалот во Приштина, тука е и наградата за најдобар краткометражен филм на фестивалот во Црна Гора и други.
Приказната на „Северен Пол“ е приказна за прифаќање и меѓуврснички притисок, раскажана низ очите на 16 годишната Марго, која ја игра Антонија Белазелкоска. Сниман е на локации во Скопје и Македонска Каменица. Главните улоги ги толкуваат Антонија Белазелкоска и Лука Митев. Директор на фотографија е Владимир Самоиловски, сценограф Кирил Спасески, костимограф Билјана Гргур, шминкер Горан Игњатовски, монтажер Драган вон Петровиќ, дизајн на тон Игор Поповски и Бојан Паликуќа, а кастинг-директор Киријана А. Николоска. Филмот е копродукција помеѓу Македонија и Србија. Продуцент на филмот е Роберт Насков, копродуценти Милош Љубомировиќ и Горан Тодориќ.
Овој филм е сниман на 16 милиметарска филмска лента.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.