Традиционално и оваа година на 23 декмври 2022година, свечено се одбележаа доделувањето на наградите и признанија на Денот на театарот на Теразије во Белград, Република Србија.
Добитник на наградата „Благодарница со посебен придонес во театарот за 2022година“ ја доби единствениот Македонец со ангажман во Театарот на Теразије- Жарко Димоски, кој пред два месеци имаше премиера во овој театар со улогата на „Стојан Филиповски“ во претставата „Црни Лептир“ во режија на Марко Јовичиќ.
Оваа награда за Жарко е шеста во низата, но прва во Р. Србија и трета интернационална театарска награда за остварување и креирање на улога.
Ангажманот на Жарко продолжува во Белград, и во моментов има премиера во театарот „Ателје 212“ на претставата „Бродот плови за Белград“, односно премиерните дати се 27,28,29 и 30 декември-2022 год.
Овој проект односно претстава, се одржува традиционално повеќе од 26 години и токму годинава ќе ја има својата 100та изведба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.