Во Домот на културата „Бранд Петрушев“ во Богданци, свечено беше отворена изложбата со над 60 графички дела изработени за време на 17-тата по ред меѓународна графичка работилница „Софија“. Оваа значајна културна манифестација ги собра на едно место петнаесет студенти од Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина и Македонија, кои под менторство на професорката Ива Ќуриќ од Хрватска, и асистенцијата на Вида Меиќ и Сања Жигиќ од Академијата во Нови Сад, создадоа дела во различни класични графички техники: висок печат, длабок печат, рамен печат и пропустен печат.
Оваа меѓународна работилница, која претставува единствена платформа за работа со сите класични графички техники, ги обедини младите уметници околу љубовта кон уметноста и црната боја. Токму таа ги инспирираше да создадат дела кои приредија неповторливо уметничко доживување за публиката. На присутните им се обратија Бранко Сапламаев, директор на Домот на културата „Бранд Петрушев“, и Ико Каров, а официјално изложбата беше отворена од претседателот на здружението, Виктор Семенпеев.
Во своето обраќање, Бранко Сапламаев истакна дека графичката работилница „Софија“ го презентира Богданци во неговото најдобро светло и ги охрабри присутните „да ги нахранат своите гладни очи со уметност“ и да уживаат во делата создадени во последните седум дена.
На самиот настан, атмосферата беше дополнително разиграна од маестралната музика на Влатко Сапламев, кој во духот на уметноста несебично ја поддржа изложбата, додавајќи со своите ноти уште поголема магија на вечерта.
Режисерот Ико Каров зборуваше за значењето на црната боја во графиката и уметноста, истакнувајќи дека „црната боја означува среќа, пријателство и длабоко философско значење, како боја што ги содржи сите основни бои“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.