Од 8 до 13 август годинава по 16. пат во ЦК „Марко Цепенков“ се одржува меѓународната ликовна колонија „Марко Цепенков – Дрен 2024„ на која учествуваат уметници од земјава и од странство.

И годинава уметниците ќе работат на слободна тема. Очекуваме да се создадат нови уметнички дела што ќе бидат дел од богатата збирка на Центарот. Создадените дела на годинашната колонија ќе бидат презентирани на изложба во Центарот, а претставување ќе има и во повеќе градови низ Македонија, вели Марјан Стојаноски од ликовната дејност на Центарот.

На колонијата ќе творат Петја Ѓеоргиева од Бугарија, Небојша Станков, Среќко Здравковиќ, Јована Ѓуриќ, Немања Вучковиќ од Србија, Радица Лелова, Александар Таневски, Светлана Попова, Суарта Луфи, Ангел Коруновски, Валентина Стеваноска и Слободан Милошески од Македонија и прилепчаните Тони Чатлески Никола Димески, Марјан Стојаноски, Столе Дурланов.

Колонијата се реализира со финансиска поддршка на Министерството за култура, а досега збирката на слики и скулптури создадени на колонијата надминува бројка од 400 дела.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.