Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска на денешното гостување во утринската емисија „Македонија наутро“ на Македонската радио-телевизија најави дека на 20 декември, кога е и роденденот на Ацо Шопов, со премиерата на балетската претстава „Молитви на моето тело“ во Националната опера и балет ќе биде заокружено честувањето на 100-годишнината од раѓањето на поетот.

Претставата е финансиски поддржана од Министерството за култура и претставува театарска актуализација на  истоимениот поетски  циклус на Ацо Шопов.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.