Владата на Македонија донесе Одлука со којашто на Националната установа Музички ансамбл во Република Македонија – Тетово, му се даваат на трајно користење, без надомест, простории кои се наоѓаат на улица „Тетово” б.б, Тетово, сопственост на Република Македонија.

Задолжение да се реши просторното сместување на Галерија Гостивар, формирана со одлука на Владата

Во врска со сместувањето на Н.У. Галерија Гостивар, формирана со одлука на Владата на Република Македонија, по насока на претседателот на Владата, задолжено е Министерството за култура да ја разгледа постојната документација, испратена од Н.У. Галерија Гостивар до Владата и да излезе со предлог решение во врска со нејзиното трајно сместување.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.