Музејот „Западна Македонија во НОВ“ во Кичево, наспроти пандемијата со Ковид-19, во целост ја реализира програмата која финансиски беше подржана од Министерството за култура на РСМ за 2021 година, потврди директорот на музејот Дардан Емини.

Во 2021 година, посочи Емини, подготвивме пет проекти со кои аплициравме во Министерството за култура, а кои финансиски беа подржани од нивна страна и ги реализиравме во текот минатата година.

Се работи за пет проекти, три се научни истражувања и тоа: 1.Верскиот живот во 20 век во Кичево 2. Народни носии македонски и албански во Кичево и околината и 3. Првата светска војна( 1914-1918) во Македонија. Покрај трите научни истражувања, двата преостанати проекти се однесуваат на „Домашниот и странски печат за скопјанката Мајка Тереза“ и „ Грнчарството во Кичевско- фотодокументација“, истакна директорот Емини.

Тој нагласи, дека за секое од овие научни истражувања посетени се повеќе верски објекти, колекционери, консултирана обемна литература, се со цел да се добие исцрпна информација за секое истражување поединечно.

За секое од трите научни истражувања моравме да направиме сеопфатна студија, да посетиме повеќе цркви и манастири, консултиравме и свештени лица, за да имаме што повеќе сознанија за верскиот живот во 20 век во Кичево. Исто така, за проектот „Народни македонски и албански носии во Кичево и околината“, користена е обемна литература, а разговарано е со етнолози и колекционери, за да добиеме целосен одговор на ова прашање. Истото се однесува и за третото научно истражување кое ја третира Првата светска војна( 1014 -1018 )на просторите на Македонија, посочи Емини.

За проектот домашниот и странски печат за скопјанката Мајка Тереза, добиени се одговори од повеќе извори, користена е литература од музеите во земјава и нашиот музеј и сметаме дека исцрпно и валидно ја третиравме  најпознатата наша хуманистка, додаде директорот Емини и посочи дека проектот Грнчарството во Кичевско- фотодокументација, го изработи кустосот во музејот Гоце Вељаноски.

За да имаме што поцелосна слика за грнчарството во Кичевско, користевме фотодокументација што ја поседува нашиот музеј, добиени се повеќе фотографии од самите производители на грнчарски производи  а драгоцени фоотографии и информации добиени се преку интернет, со што интегрално е заокружен овој проект, наведе кустосот Вељаноски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.