Во четврток, на 12 септември од 12 часот, во Дом на култура „Иван Мазов – Климе“ Кавадарци ќе се оддржи Мултимедијален концерт за деца „Петар и волкот“. Концертот е во организација на Здружение Триангл Пулс Скопје.
Премиерната изведба на мултимедијален перформанс е концерт од нов вид, кој по својата форма претставува иновативен и оригинален проект, со богато музичко и визуелно претставување.
Преку нашиот проект се промовира и едукација во однос на класичната музика, преплетена со драмско дејство кое е адаптирано за возраста на публиката. Познатата симфониска поема “Петар и волкот” од С. Прокофјев е реоркестрирана за камерен состав на изведувачи и збогатена со многу технички -визуелно сценски ефекти, проекција со видео анимација, која ја следат за време на целиот концерт. Публиката дирекно е вклучена во процесот на презентација и интерактивно делува за време на целата презентација. Сето ова Продукција Триангл го презентира со цел да допре до најкритичната и најнезастапената категорија –децата, за кои имаме одговорност да ги внесеме во светот на музичката култура, а со тоа дирекно влијаеме врз општествените текови и негувањето на класичната музика“ велат продуцентите на проектот.
Претставата е препорачлива за ученици од прво и второ одделение.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.