Музејот на современата уметност, ве поканува денес во 12 часот, на МСУ водич и како пропратен настан Матине дружење со диџеј сет на Димитар Османли. Со кустосот водич Бојана Јанева ќе можете да ги погледнете четирите новоотворени изложби:

– Самостојна изложба на светски познатите уметници Дан и Лиа Пержовски, кои ги исцртуваат ѕидовите на МоМА Њујорк, Тејт Модерн во Лондон, Центарот Помпиду-Бобур во Париз, ВанАбе Музејот во Ајндховен…
Дан Пержовски со уметничкиот проект „Обновени вести“, а Лиа Пержовски со „Сет за преживување (избор од Музејот на знаењето)“ Кураторка е Мира Гаќина.

– Самостојни изложби на младите уметници, Серхат Емрулаи и Наџа Крачуновиќ, добитници на наградата „Најуспешен автор и дело“, која им беше доделена минатата година на 14.Меѓународно биенале на млади уметници – „Будења“. Серхат Емрулаи со инсталацијата „Се селиме на нова локација“ Наџа Крачуновиќ со самостојната изложба „Во име на мајка, во презиме на татко“ Куратори на изложбите се: Ива Димовски, Бојана Јанева и Никола Узуновски.

– Изложбата „Откривања: Дела од шпанската колекција на МСУ – Скопје“ (која ќе биде отворена од 15 октомври за посетители). Kуратори се: Владимир Јанчевски, Благоја Варошанец и Ива Димовски. Јулија Манојлоска, Јадранка Милчовска, Љупчо Иљовски и Нада Прља, исто така, се дел од тимот на МСУ кои работеа на оваа изложба и на каталогот.

Веднаш потоа во 13 часот, како пропратен настан, ќе можете да присуствувате на Матине со диџеј сет на Димитар Османли – Рули.

Влезница 150 денари.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.