Пред повеќе десетици претставници на австриските медиуми, денеска се одржа конференција за печат во Кунстхале Виена, по повод вечерашното отворање на изложбата Ниедно чувство не е конечно. Колекција на солидарноста, МСУ Скопје”/„No Feeling is Final. The Skopje Solidarity Collection“ со дела од вредната и уникатна колекција на Музејот на современата уметност – Скопје.

Концептот на изложбата, која е резултат на соработката меѓу МСУ – Скопје и Кунстхале Виена го доближија Мира Гаќина, директорка на МСУ и една од трите уметнички директорки на Кунстхале, Сабина Саболовиќ.

Изложбата е курирана од уметничките директорки на Кунстхале, кураторскиот колектив What, How & for Who/WHW (Ивет Ќурлин, Наташа Илиќ и Сабина Саболовиќ).

„Практикувањето солидарност, значи припадност и споделување“, рече на денешната средба со австриските медиуми, Мира Гаќина, првиот човек на МСУ.
„Ние, како Музеј на современата уметност со нашите колеги од Кунстхале ги вклучивме искреностa и отвореноста во нашиот заеднички изложбен проект, за повторно да изградиме интимна врска со уметниците и да ја реактуелизираме солидарноста, како општествена вредност. Затоа, посветено го препрочитуваме и повторно го толкуваме поимот солидарност во современиот општествен контекст. Овие дела кои ги донесовме во Виена се гест на пријателство и се во духот на негување нови врски со Кунстхале Виена“, истакна Гаќина.

Досега, уникатната ко­лек­ци­ја­ на МСУ e повеќепати промовирана низ светот. Но, со­ра­бо­тка­та со Кунст­ха­ле е нај­комп­лекс­ни­от про­ект што до­се­га го имал нашиот музеј. Не са­мо поради тоа што ќе бидат из­ло­же­ни 94 дела од вредната колекција, која брои преку 5.500 дела, ту­ку и по­ра­ди фа­ктот што де­ла­та мо­жат да се пог­лед­нат во еден ваков по­се­тен про­стор, во туристичка Виена, каде годишно поминуваат преку 75.000 илјади посетители, а само за вечерашното отворање се очекуваат повеќе од 1.500 гости.

Кураторките поканија 6 меѓународни современи уметници: Брук Ендру (Мелбурн), Синиша Илиќ (Белград), Иман Иса (Берлин) и Ѓулсун Карамустафа (Истанбул) и едно уметничко дуо Јане Чаловски и Христина Иваноска (Скопје), кои направија своја селекција од вредната колекција на МСУ и осмислија поставка со која воспоставија дијалог помеѓу делата на познатите уметници од колекцијата и нивната авторска работа. Идејата е да се види како денес современите уметници ја доживуваат оваа збирка, настаната преку светската солидарност. Покрај нивфотографката Елфи Семотан (Виена), направи дела од градскиот пејзаж на Скопје и МСУ, а писателката Барби Марковиќ (Виена), напиша патопис за нејзиното искуство од соочувањето со сложените и слоевити истории на Скопје.

По завршувањето на пресот, 6-те современи уметници, вклучени во изложбата, го објаснија пред медиумите својот дијалог со делата од колекцијата на МСУ.  

„Насловот на изложбата „No Feeling is Final. The Skopje Solidarity Collection“ е тесно поврзан со приказната за тоа како е изградена уметничката колекција на МСУ Скопје“, рече на денешниот прес, Саболовиќ, уметничка директорка на Кунтхале.

Потоа, низ еден емотивен и искрен манир им ја раскажа на новинарите приказната за настанувањето на колекцијата на МСУ – Скопје.  

„Катастрофалниот скопски земјотрес во 1963 година, беше прва човечка катастрофа во тоа време, пренесена преку ТВ приемниците низ светот, која ја разбуди светската солидарност. Загубата на илјадници животи и домови беше емитувана низ целиот свет. Шокантните слики на човечката беспомошност против разорната сила на природата, доведоа до невидено брза, моќна реакција и одговор од светот. Обединетите нации веднаш апелираа за помош на скопјани и меѓудругото, потенцираа дека покрај материјална штета и многуте човечки жртви, важно е да се крене и духот на скопјани“, истакна Саболовиќ.

На повикот до светски познатите уметници да донираат дела, меѓу првите се пријави Пикасо, кој донираше дело за МСУ – Скопје, а по него и многу други: Дејвид Хокни, Виктор Вазарели, Александар Калдер, Кристо и Жана-КлодЈаспер Џонс, Алекс Кац, Алберто Бури…  Во знак на солидарност, пристигнуваа вредни подароци во МСУ од целиот свет. Денес, колекцијата е збир на важни личности од историјата на уметноста, од Украина до Јужна Африка, од Чиле до Нов Зеланд.

Дел од изложбата содржи и документарна секција за Скопје, трансформацијата на градот и приказната за МСУ и неговата колекција, документи и макетата на Кензо Танге, позајмени од архивите на Музејот на град Скопје и архивата на МСУ.

Вечерва пред официјалното отворање на изложбата предавање со наслов Skopje: Building the City of Solidarity” ќе одржат и архитектите Ана Ивановска Дескова, Јован Ивановски и Владимир Десков.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.