Со изработката на мозаик од вредните раце на учениците од штипските основни училишта, просторот пред Центарот за култура „Ацо Шопов“ добива нов лик. Директорот НУ Центар за култура „Ацо Шопов“-Штип, Горан Трајков ги повика граѓаните во петок на отворањето на мозаичните фонтани.

Ја имаме честа да ги поканиме граѓаните во петок во 12 часот да додјат на отворањето на нашите мозаични фонтани кои ги изработија учениците од основните училишта под менторство на Александра Димитрова и Верче Наумова. Ние се надеваме дека овие мозаични фонтани кои ги работеа макотрпно два месеци ќе помогнат во обновувањето на сјајо на центарот за култура, вели Трајков.

По поставувањето на мозаичните фонтани ќе се уредува и фасадата на Центарот за култура, исто со изработки од мозаик. Овој проект ќе се работи до јули годинава. Проектот е предвидено да трае нешто повеќе од два месеци и да се создаде нов лик на фасадата на најголемата културна институција.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.