Во четврток, 23 ноември 2023 година, во КСП Центар -Јадро, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја погледнете монодрамата „Крик“.
За последните 30 дена на ,,Гугл” имало 1 958 795 преберувања за: ,, Како да силувам без никој да дознае?”
Потиснати од општеството и навикнати сѐ да прикриваме-приказните завршуваат со несреќен крај и стануваме дел од насилно општество. Монодрамата ,,Крик” е претстава за сите недоискажани вистини, за недорасчистените случаи и за недовербата на релација систем-жртва, жртва-систем, за оние кои врескаат во себе, за гласот и ставот на сите засегнати страни. Ова е игра, претстава, за еден процес. Внатрешен. За милион процеси. За една траума. Милион трауми. За сето она за кое нашето општество никогаш нема да проговори ниту збор. Или можеби ќе проговори, но кога? Ова е претстава за состојби со кои секоја втора личност се бори. Таа личност може да биде секој од нас. Ова е претстава за сексуално вознемирување и насилство.
„Крик“ е авторски проект, работен според архивски материјали, вистинити приказни и текстови. Претстава која беше селектирана на Фестивалот за монодрама во Битола, Фестивалот за монодрама во Сараево и Нови Сад.
,,Крик” се создаде како дипломска претстава (2021год.) на Енџи Николоска на Факултетот за Драмски Уметности – Скопје.
Авторка, актерка: Енџи Николоска
Продукција: Авангарт
Билети: https://www.kupikartizase.com/Events/krik_2023
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.