Македонскиот народен театар со монодрамата „Последната лента на Крап“, во изведба, режија и продукција на актерот Ѓорѓи Јолевски, на 14 октомври ќе учествува на 10. Бечејски фестивал на монодрамата Би:фемон (Be:femon), во Бечеј, Р Србија.
Како што се најавува во фестивалската програма ќе учествуваат седум одлични монодрами од Србија, Унгарија, Хрватска и од Македонија, а програмата ќе трае од 12 до 15 октомври.
„Последната лента на Крап“ во изминатиот период учествуваше и во офф-програмата на 19. ИФАД „Стоби“, гостувањето на јубилејните 30. денови на Св. Кирил и Методиј, во Македонскиот културен центар во Крањ, Р Словенија, како и на фестивалот на монодрамата „Гавран фест“ во Загреб, Р Хрватска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.