ЈУ Младински културен центар Скопје денес и утре е домаќин на завршната конференција во рамки на европскиот проект “Big Time Takover”, со учество на културни работници и едукатори од Associazione culturale Mulab од Италија, Rinova Limited (Велика Британија), HFC-Hope for children CRC Policy Centar (Кипар) и Fundacija Arteria (Полска).

ЈУ МКЦ од јуни 2021 е дел од овој значаен меѓународен проект развиен преку „Ерасмус KA2 Програмата за соработка и инвовација и размена на добри пракси на Европската унија за стратешки партнерства, кои вклучуваат образовни програми за млади“. Проектот има за цел да ги поттикне младите да ја користат својата креативна моќ и потенцијалот на модерната технологија за да проговорот на прашањата што ја засегаат заедницата. МКЦ во овој проект ја согледува можноста да ги вклучи младите во креирање на содржина што е во склоп на проектните активности и цели, но најмногу во интерес на сегашната итност во креирање на грижлив пристап кон природата.

Јавниот дел на програмата се состои од отварање на изложба во Галерија 2 (над Кино Фросина) во понеделник, 24 април, со почеток во 18:30 часот, која нуди можност да се запознаат учесниците и да се претстави документација на активностите на сите партнери од проектот. Од Р.Македонија ќе биде претставен трудот на ученичките Ева Божиновска, од С.У.Г.С.,,Никола Карев” во Скопје, која ја напиша приказната “Гаја и Градината”, дистописка претстава за свет во кој се губи контактот со природата, која потоа беше илустрирана од Елена Апостоловска, Мирјана Спасоска и Јана Стефановска, ученички во втора година во средното уметничко училиште ДСУЛУД ,,Лазар Личеноски” во Скопје, на одделот за мултимедија. Во тек е подготовка на публикација која ќе биде промовирана пред јавноста во текот на месец мај 2023.

Следниот ден, во вторник, на 25 април со почеток во 10:00 часот во Кино Фросина, ќе се одржи завршната конференција. Воведен збор ќе имаат Маргарита Арсова, координаторка на проектот од страна на МКЦ заедно со Христина Иваноска и Јане Чаловски, визуелен уметници и ментори. Ќе следува презентација на Хајан Ал Халаби, познавач во областа на пермакултурата и соработник во проектот „ГРАДИДНИНА: Градината како инструмент, пермакултура како методологија“. Ќе следат презентации на партнерите Сара Симеоне и Барбара Руиз Лопез,

Матерахуб од Италија, Енцо Пелегрини и Ана Марија Пиколи, Мулаб од Италија, Венанцјуш Охманод Фондацијата Артерија од Полска, Андреа-Фотини Хаџиконстантину и Аријана Тортели, од организацијата Надеж за деца, од Кипар, како и Тревор Бурџис, од оранизацијата Ринова од Лондон, Велика Британија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.