Самостојната изложба на Мице Јанкуловски со наслов „Над црното“ е отворена во реномираната галерија „Галатека“ во Букурешт, Романија. Куратори на изложбата се Анка Боериу од Романија, универзитетска професорка на Националната академија за уметност во Букурешт, и Корнелија Конеска од Македонија.
Јанкуловски со изложбата „Над црното“ се претставува со полиптихот „Круговите на Леонардо 2“ (четири слики, акрил на платно, 195 х 780 см) и сегмент од три дела од полиптихот „Ноќите на Тоскана“ (десет слики, акрил на платно, 195 х 1950 см).
„Галатека“ е мултидисциплинарна уметничка галерија, жив и модерен простор што го носи потписот на архитектот Раду Теака, сместена во историска зграда во срцето на Букурешт.
Со својата отвореност кон експериментот во уметноста, овој простор стана култен уметнички центар, платформа каде што се спојуваат современата и класичната уметност и кој им овозможува на уметниците, дизајнерите, архитектите, кураторите и луѓето од медиумите да се сретнат и да соработуваат… сè со цел да ѝ понуди на јавноста поинаков вид уметничка интеракција преку која се истражуваат повеќе области и форми на уметничко изразување: од стрипови до видеоарт, од слики и цртежи до инсталации и случувања, од современи романски уметници што испишаа историја до мода, од класични мајстори до мултидисциплинарни меѓународни уметници – вели Корнелија Конеска, кокураторка и менаџерка на проектот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.