Читачката сезона ова лето ќе има неверојатен крај со средбата со најголемата книжевна ѕвезда во регионот. Имено, на 15 септември во Скопје ќе гостува Миодраг Мајиќ од Србија заради промоција на романот „Рудникот“. Настанот е во 20 часот во кафе-книжарница „Буква“ и е во склоп на фестивалот АртАреа/ Артерија, кој ќе се одржува во периодот 15-17 септември.

Миодраг Мајиќ е српски писател и судија во Апелациониот суд во Белград. Докторирал кривично право, а специјализирал меѓународно кривично право. Објавил голем број правни текстови и учествувал во изработката на значајни закони од кривичното право. Со години на неговиот блог отворено зборува за корупцијата, непотизмот и политичките притисоци. Автор е на најбараните книги во регионот – „Деца на злото“, „Островот на пеликаните“ и „Рудникот“. Во 2021 година ја доби наградата BookStar на издавачката куќа „Антолог“ за романот „Островот на пеликаните“.

„Рудникот“ е третиот роман на Миодраг Мајиќ и е пишуван со намера што е очигледна уште од првата реченица. Исповедта на Богдан Бањац можеби е вистинита, а можеби е плод на трауматизираната фантазија, но во секој случај е веродостојна на неговите сеќавања. Тој е поранешен адвокат што се наоѓа во санаториум и поради тоа неговите навраќања кон минатото можат да бидат земени со резерва од јавноста.
Сепак, читателот лесно станува негов сојузник, дури и кога нема да поверува во сè што кажува. Според приказната на Бањац, тој се наоѓа во средиштето на комплексна мрежа од интереси на крупниот капитал, политиката и на институциите… А рудникот богат со кобалт во селото на неговата баба наликува на премин кон некој друг, страшен свет, кој е пандан на ужасите што се случуваат во овој, нашиот свет.
Потреба за раскажување е последниот обид на Богдан да го реконструира минатото



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.