Министерството за култура распиша конкурс за учество на манифестацијата „Цртај на македонски јазик“, која цели на поттикнување на создавање на дела со употреба на македонскиот јазик од страна на младите уметници и независната културна сцена, неформални групи и автори од областа на културата.

Оттаму посочуваат дека може да се пријават автори на графити создадени на македонски јазик, „стикери“ за социјални мрежи и канали на комуникации, ликовни дела, но и литературни промоции, организирање на дебати, конференции и работилници.

Сите заинтересирани можат да се пријават преку пополнување на пријава која може да се преземе од веб-страната на Министерството за култура, а рокот за пријавување е до 30 јуни.

„Пријавата се доставува во Министерството за култура во печатена форма по пошта на адреса: ул. „Ѓуро Ѓаковиќ“ бр. 61, Скопје, или во писарницата на Министерството за култура најдоцна до 15.00 часот на последниот ден од Конкурсот“, се вели во повикот.

Од институцијата посочуваат дека предност ќе имаат млади автори до 30 годишна возраст кои за првпат конкурираат, како и дека манифестацијата „Цртај на македонски јазик“ ќе се одвива од 15 јули до 1 октомври.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.