Македонскиот филм „Мими“ во режија на Даријан Пејовски денеска во 18 часот може да се погледне во Кинотеката на Македонија. Во рамките на декемвриската програма на Кинотека, филмот беше прикажан на 12 декември, кога на проекцијата присуствуваше режисерот, а до крајот на годината ќе биде прикажан уште и на 26 декември во 20 часот.

МИМИ

(Mimi)

Игран филм, Македонија / Хрватска / Црна Гора

2002, 100 мин., колор, ДЦП

Режијa: Даријан Пејовски (Darijan Pejovski)

Сценарио: Даријан Пејовски (Darijan Pejovski)

Улоги: Наталија Теодосиева, Тамара Ристоска, Оливер Митковски, Петар Мирчевски, Владимир Петровиќ (Natalija Teodosieva, Tamara Ristoska, Oliver Mitkovski, Petar Mirchevski, Sashko Kocev, Vladimir Pterovikj)

 

МИМИ е психолошка драма за девојка која потисната од родовите предрасуди во родниот крај доаѓа да живее во Скопје. Работи во трафиката кај својот вујко и повремено ќе се заинтересира за некој од муштериите. Се запознава со екстровертната  Сара и меѓу нив се раѓа пријателство што набрзо преминува во многу повеќе од искрено дружење без обврски. Минатото, болно и таинствено, заради кое побегнала во метрополата, пополека ѝ се враќа на Мими, ја мачи и опседнува.

Оваа копродукција е втор игран филм на режисерот Пејовски, својата премиера ја имаше на филмскиот фестивал „Синедејс“ во Скопје, а досега е прикажуван на филмските фестивали во Пула, Братислава, Херцег Нови.

 

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.