По повод Меѓународниот ден на операта – 25 октомври 2022, македонската порака ја напиша – еминентната оперна дива Милка Ефтимова. Коавтор и уредник на пораката е д-р Александар Трајковски.

По тој повод со вас ја споделуваме нејзината порака и професионална биографија.

МАКЕДОНСКАТА ПОРАКА ПО ПОВОД СВЕТСКИОТ ДЕН НА ОПЕРАТА – 25.10.2022

Пораката на оперската примадона Милка Ефтимова:
Ми претставува особена чест, во годината кога македонскиот оперски живот прославува два големи и значајни јубилеја – 75 години од формирањето на националната оперска куќа, а воедно и 50 години откако единствениот оперски фестивал во регионов и пошироко, „Мајските оперски вечери“, го започна својот раскошен и спектакуларен од по патот на уметноста, да ја пренесам пораката по повод светскиот ден на операта.
Во таа чест, како уметник кој со своите сценски креации и концертни изведби, уште од самите почетоци директно учествувал во испишувањето на историјата на оперското исполнителство кај нас, но и како педагог кој стекнатите професионални знаења им ги пренел на своите студенти, денес успешни и афирмирани оперски пејачи, сакам да ги поврзам минатото, сегашноста и иднината. А, нив, можам да ги поврзам само со љубов. Љубов кон животот, љубов кон публиката, љубов кон музиката… Бидејќи операта, како најкомплексна и најсложена уметничка форма се создава и се восприема само со љубов. Тогаш, состојбата на човековиот дух преминува во друга димензија, во која моќта на оперската уметност може негативната енергија да ја трансформира во позитивна, невозможното да го претвори во возможно и апстрактното да го направи конкретно. Едноставно, да ја промени реалноста. Токму затоа, во овие времиња кога човештвото се соочува со многу предизвици, за сите оние кои живеат и дишат со оперската музика, токму таа претставува нивниот најголем прозорец кон поубавото и попријатното.
Посакувам во иднина, оперската уметност како производ на творечката имагинација на голем број великани од музичката историја и современост, преку изведбите во живо на актуелните уметници, но и преку снимените аудио и видео изданија на сите оние кои ги овековечиле своите интерпретации, уште повеќе и многу посилно да допира до човековото срце и што подлабоко да продира во човековата душа.

 

(Ко-автор и уредник на текстот: д-р Александар Трајковски)

 

Милка Ефтимова (26 февруари 1936, Радовиш) е истакната македонска оперска пејачка, првенка на Македонскиот народен театар, редовен професор на Факултетот за музичка уметност во Скопје и концертен уметник со извонредно широк дијапазон на репертоарот.
Македонскиот револуционер, комита и радовишки околиски војвода на Македонската Револуционерна Организација Петруш Поплазаров е дедо на Милка Ефтимова, нејзината мајка Катерина е ќерка на војводата.

Во мај 1961 година, како член и солист на Хорот на Словенечката филхармонија настапила во Виена под диригентската палка на големиот Ловро фон Матачиќ, изведувајќи повеќе солистички делници. Матачиќ самоиницијативно работел со Милка врз партитурата на Кармен, толкувајќи низа музички и психолошки детали за овој лик. Непосредно по концертот во Виена тој и понудил ангажман со операта „Кармен“ во Франкфурт, со убедување дека во кусо време и претстои блескава кариера. Бидејќи Милка била стипендист на скопската опера, во налет на чуства на одговорност и на инсистирање на Скалоски и на Кочко, есента во 1961 година станала солист на Операта при Македонскиот народен театар во Скопје.
На 15 декември 1961 година за првпат застанала на сцената на оперскиот театар. Првата улога и била Ацучена во Вердиевиот „Трубадур“ заедно со Данка Фирфова како Леонора, Марио Ѓуранац

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.