Софи Хана, наречена „новата Агата Кристи“, единствената авторка која беше одбрана од страна на нејзините наследници и семејство да пишува романи-продолженија со Херкул Поаро вечерва гостува на Фестивалот на европска литература „Букастар“ кој се одржува во киното „Фросина“ во Младнски културен центар (МКЦ). Но, освен појавата на Софи Хана, најавено е гостување и на Херкул Поаро во Скопје!! Настанот е под наслов „Јас – Агата Кристи, јас – Софи Хана“ и предвиден е за 20.00 ч. во Кино „Фросина“, а обезбеден е и превод на знаковен јазик.

Синоќа вечерта беше резервирана за разговор со омилените автори на македонската читателска публика, Миљенко Јерговиќ (Хрватска/БиХ) и Лидија Димковска (Македонија). Јерговиќ и Димковска сега за прв пат седнаа еден покрај друг на книжевен разовор, иако нивното творештво е толку податно за такво нешто. Миљенко Јерговиќ е босанскo-хрватски писател и новинар, еден од најзначајните балкански писатели, кој со својата книжевна и вонкнижевна работа се издигна во една од најживописните фигури на регионалната јавна сцена. Неговите раскази и романи се преведени на триесетина јазици. Јерговиќ моментално живее и работи во Загреб, Хрватска.
Лидија Димковска, пак, е поетеса, романсиер, есеист и преведувач, која од 2001 година живее во Љубљана, Словенија, работи како писател и преведувач од романски и словенечки на македонски јазик.

Настанот го модерираа Александар Маџаровски Читачот и Билјана Црвенковска. Главни теми на вечерта беа домот и вдоменоста, татковината, пишувањето во туѓа средина, Балканот и неговите проклетства и благодати.

Мојот двоен идентитет го почувствував и денеска, кога прво се фотографирав со странските автори, а потоа и во другата група, со домашните. Балканот е спсолутно фацинанетен, книжевно ме инспирира и провоцира, сето оан што е грдо, целиот тој хаос се податни за литературата. Можеби во животот редот и мирот се пожелни, но во литературата е тотално обратно – рече Димковска.

Според Јерговиќ, денешната превласт на автофикцијата, писателите да пишуваат а своите животи, е примамлива, кул, има нешто смирувачко во неа, но зад сето тоа стои една позитивна измама, бидејќи раскажувањето приказни самото по себе фикција, не може да биде автофикација. Човечките ќивоти по природа се фасцинатни и фантастични. Такви се приказните што некогаш се раскажуваа во купеата на југословеската железница и мисла дека најголеата неволја не е распадот на Југославија, туку токму на железницата, ја изгубивме таа можност да ги слушаме тие приказни – рече Јерговиќ на почетокот на разговорот во киното „Фросина“ на МКЦ.

Зборувајќи за поимите на домот, се начна и темата на сопствената татковина.

Прекрасен е македонскиот збор за тоа – татковина. Хрватите го присвоија домовина, а Србите отаџбина, иако и двата збора му припаѓаа на српско-хрватскиот јазик. Македонците го имаат тој збор татковина, кој од наша српско-хрватска перспектива, звучи нежно и по малку комично. Затоа што тие македонски патријархални татковци против кои себорат македонските ќерки, добиваат снижено значење со зборот татковина, татко, тато… звучи понежно одошто отац. Оттука има нешто тажно под зборот резервна татковина, кој го користи Лидија. Тоа во суштина значи дека си без татковина. Од едната си ја напуштил, а другата си ја стекнал, ама тоа не може да се стекне, татковината не е автомобил па да го купиш. А сите ние всушност имаме една чудна психотична ситуација, сите сме останале без една голема татковина, за која не убедуваа дека е сè, а потоа не убедуваа дека треба да се срамиме од неа, од тоа сè. Да се однесуваме кон Југославија како кон некоја забранета сексуалност, така што сите на овие простори имаме еден сериозен татковинско-сексуален проблем за кој стануваме свесни кога ќе останеме сами дома – рече Јерговиќ.

За Димковска, идентитетските прашања, со кои посебно се соочила откако ја напуштила Македонија, станале посебно важни за нејзината литература, станале податлив книжевен материјал. Јерговиќ, пак, кажа, дека секаде се чувствува како странец, и во загреб и во Босна,
освен во сопствените станбени простори, но кога ќе го пречекори куќниот праг – тој веќе е во странство.

А колку сум постар толку помалку ме интересира да одам во она вистинско странство, во палма, на пример, или во Куба. Не знам што би правел со нив во книжевна смисла. Имам и премногу територии за да се качувам на Хималаите и да размислувам за една таква позиција… Овој простор што се протега од Трст до Солун е фантастичен за книжевноста, иако можеби не и за еден удобен граѓански живот – рече Јерговиќ.

Зборувајќи за тоа што е добра литература Лидија кажа дека тоа се оние писатели и книги со кои може да се идентификува, да се запраша како пишуваат за неа, а не ја ни познаваат, со таквите книги доживува катарза и сознание. Јерговиќ посочи дека литературата не смее да забавува, дека литературата треба да вознемирува затоа што утехата е во вознемирувањето, а спротивно на тоа не е очајот, туку е тапост, затапеност, смрзнатост.

Книжевноста како разонода е вулгарна, простачка, треба да се забрани со закон. Таа не треба да зборува за општи теми, туку за конкретни места, луѓе, добрата литература секогаш е локална. И најважно од сè, таа не е мода – заклучи Јерговиќ.

Текстот е палимпсест, понекогаш треба да застанеш за да видиш како се развива приказната
Во 20 часот, во Младински културен центар , кино „Фросина“, се одржа и разговор со авторите Стефан Хертманс (Белгија) – автор на „Вечно туѓа“ и Франсис Кирпс (Луксембург)- автор на „Мутации“. Тие зборуваа за своите книги, за приказните и нивното создавање, за креативните начини на пишување.

Денес на програмата
4 октомври, 11.00 – Скопје
„Кога писател шета писатели“
Неформална тура на Васко Марковски

4 октомври, 16.30 – Europe House – Скопје
(Не)возможен пар – автор и преведувач
Панел во контекст на „Создадено во Европа: Моќта на различноста“
Луцие Фаулерова (Чешка) и Маргарета Карајанова
Франсис Кирпс (Луксембург) и Ксенија Чочкова
Ања Мугерли (Словенија) и Давор Стојановски
Жарко Кујунџиски и Маријанџела Бјанкофиоре (Италија)
Модератор: Душко Крстевски

4 октомври, 18.30 – Џебно кино, МКЦ
Поткаст „Гол ручек“ со Душко Крстевски и Наџат ел Хачми (Шпанија)

4 октомври, 19.00 – Кино „Фросина“
„Во средиштето на животот“
Разговор со авторките Луцие Фаулерова (Чешка) и Ања Мугерли (Словенија)
Модератори: Александар Маџаровски и Ана Голејшка Џикова

4 октомври, 20.00 – Кино „Фросина“
„Јас – Агата Кристи, јас – Софи Хана“
Разговор со авторката Софи Хана (Обединетото Кралство)
Модератори: Јордан Коцевски и Анде Јанков

4 октомври, 21.00 – Кино „Фросина“
Слем натпревар
Учесници: Франсис Кирпс (Луксембург), Перица Сарџоски, Марија Грубор, Лиле Јованоска, Игор Трпчески, Горазд Кени Китановски, Аница Блажевска, Андреј Ал-Асади

Фестивалот се одржува под слоганот „Please do disturb“ и е поддржан од Министерството за култура, книжевната мрежа Традуки, ЕУ со тебе (Eu with YOU), издавачката куќа „Антолог“, а одделни настани и од Чешкиот книжевен центар, Центарот за фламанска литература, Европската Унија, Културно–информативниот центар на Република Бугарија во Скопје и Амбасадите на Чешка, Шпанија и на Белгија. Фестивалската програма ќе се одвива на повеќе локации во Скопје. Медиумски покровител на настанот е Македонската радио телевизија. Визуелниот идентитет е авторство на Владимир Трајановски. Фестивалското видео го изработи Радмила Ванкоска.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.