Францускиот институт во Скопје и Амбасадата на Франција во Македонија, со поддршка на спонзори и МКЦ, по повод отворање на месецот на Франкофонијата, организираат гала филмска вечер со проекција на филмот „Со полно работно време“. Филмот ќе биде премиерно прикажан в петок, 3 март 2023, во 20 часот, во кино „Милениум“ (ГТЦ, 1 кат).

Настанот ќе го отворат францускиот амбасадор Сирил Бомгартнер и швајцарската амбасадорка Вероник Хулман.

Филмот е дело на режисерот Ерик Гравел, а во главните улоги играат Лора Калами, Ан Суарез. Добитник е на две награди на Филмскиот фестивал во Венеција: награда за најдобар режисер и за најдобра актерка, две награди Цезар 2023 за најдобра монтажа и за најдобра музика (од 4-те номинации: за најдобра актерка, најдобра музика, најдобро сценарио и најдобра монтажа).



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.