Во театарот „Маск-Кара“ во Истанбул на македонскиот прозаист, драмски автор, литературен и те­а­тар­ски кри­ти­чар, есе­ист, ко­лум­нист, ана­ли­ти­чар, ли­те­ра­ту­рен пре­ве­ду­вач и уни­вер­зи­тет­ски про­фе­сор на македонскиот писател Гоце Ристовски му беше врачена Меѓународна награда за драмски автор за особен придонес во современиот театар во светот.

На свечената церемонија, меѓу останатите, присуствуваа и генералниот конзул на земјава во Истанбул, Актан Аго, директори на повеќе турски театри и истакнати актери, режисери, драмски автори и театарски дејци од Турција и странство.

Наградата на Ристовски му ја врачи актерот и режисер Назиф Услу.

Гоце Ристовски е роден на 8 април 1958 година во Осиче, паланечко. Работел како новинар во „Нова македонија“. Тој е член е на Друштвото на писателите на Македонија, Сојузот на литературни преведувачи на Македонија, на Бал­кан­ска­та мре­жа за кул­ту­ра и кул­ту­ро­лош­ки сту­дии, на Здру­же­ни­е­то на но­ви­на­ри­те на Ма­ке­до­нија, на Свет­ска­та асо­ци­ја­ци­ја на те­а­тар­ски кри­ти­чари.

Не­го­ви тек­стови, ли­те­ра­тур­ни и те­а­тар­ски при­ло­зи и кри­ти­ки и на­уч­ни сту­дии се об­ја­ву­ва­ни во „Сло­бод­на Дал­ма­ција”, „Поља”, „Спи­за­лит”, „Раз­гледи”, „Ма­га­зин 21”,„Млад Бо­рец” „Сцена”, „Те­а­тар­ски глас­ник” и на по­ве­ќе портa­ли во зем­ја­та и стран­ство, а не­го­ви книги се про­да­ва­ат на зна­чај­ни ин­тер­нет про­дав­ни­ци и биб­ли­о­те­ки во САД и Европа.

Не­го­ва­та дра­ма „9”, пра­из­ве­де­на во 2016 година на Го­ле­ма­та сце­на во Кул­тур­ни­от цен­тар во Нови Сад, е преведена на јазиците на поранешните југословенски републики, на бугарски и на руски јазик. Македонската премиера беше на крајот на 2021 година.

Ав­тор е на повеќе романи, монографии, есии, антологии, зборници, сценарија за документарни филмови

Во 1999 го­дина ја до­бива Држав­ната наг­ра­да за но­ви­нар­ство и пуб­ли­цис­ти­ка за мо­ног­ра­фи­ја­та „Шиш­ков”, до­бит­ник е на Вто­ра наг­ра­да на кон­кур­сот на „Сту­ден­тски збор” за кра­ток рас­каз, на наг­ра­да­та „Проз­ни мај­с­тори” за ро­ма­нот „Вра­му­ва­ње во пус­те­лија”, на Ме­ѓу­на­род­на­та награ­да Ergo sum за афир­ма­ци­ја и по­пу­ла­ри­за­ци­ја на те­а­тар­ска­та умет­ност, на наг­ра­да­та „Свети Јо­а­ким Осо­гов­ски” за осо­бен при­до­нес за ма­ке­дон­ска­та кул­ту­ра и те­а­тар, на наградата Скриптфест за филмско сценарио, каки и на дру­ги приз­на­нија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.