НУ Завод за заштита на спомениците на култура и Музеј – Струмица  од 2 до 5 ноември ќе го одржи VII по ред меѓународен Симпозиум по археологија на тема: „Накитот од заштита до статус“.

На симпозиумот освен домашни учесници свое излагање ќе имаат и излагачи од Полска, Италија, Србија, Хрватска и Бугарија.

Симпозиумот ќе се одржува во хотелот „Сириус“ во Струмица, а свеченото отворање ќе биде на 2 ноември (четврток) во 19:30 часот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.